September 18, 2021, 9:35 am

СЗО: Koвaкс oчeкyвa 250 милиoни дoзи вakцини вo cлeднитe шecт дo ocyм нeдeли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Системот Ковакс очекува да добие 250 милиони дози вакцини против Ковид-19 во следните шест до осум недели, донирани на најсиромашните земји во светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Ковакс, кој треба да им обезбеди бесплатна вакцина на сиромашните земји, е финансиран од побогатите и досега подели 152 милиони дози на 137 посиромашни земји.

Во неделниот извештај објавен денеска, СЗО соопшти дека неодамнешниот состанок на кризниот тим на ООН објавил дека „зголемен број дози на вакцини ќе бидат донирани на Ковакс, обезбедувајќи 250 милиони дополнителни дози во следните шест до осум недели”.

– Глобалната побарувачка за вакцини го надминува снабдувањето, а милиони најранливи остануваат незаштитени. Знаеме дека вакцинацијата е наша најдобра заштита од сите нови варијанти, изјави Сет Беркли, раководител на здружението за вакцини Гави.

СЗО постојано ги осудува нееднаквостите во пристапот до вакцинација помеѓу луѓето во сиромашните земји и оние во богатите земји.

Акцијата за вакцинација против Ковид-19 денеска е најавена во Танзанија, Бурунди, Еритреја, Хаити и Северна Кореја, единствените земји каде што досега не беше започната кампањата за вакцинација.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Вистина или мит? Британската влада се оглaси по повoд теoриите на загoвор за вaкцинaта – објaвени од свeтската ѕвeзда aнтивaксeрка

Седницата за коронавирус во Британија доби сосема нова димензија, кога главниот лекар и премиерот беа вовлечени во разговор за...

More Articles Like This