СИБИРСКА ТИГРИЦА ВЛЕГЛА ВО СЕЛО ЗА ДА ,,ПОБАРА ПОМОШ“: Имала проблем со забите

  • February 5, 2018

Тигрица им пркосела на своите инстикти и влегла во селото за да побара хумана помош за голем проблем со забите и непцата. Реткиот предатор, еден од околу 500 сибирски тигри кои живеат во снежното природно живеалиште во источна Русија открил куќа и легнал на тремот. Овие големи мачки вообичаено ги избегнуваат сите контакти со луѓето, но било јасно дека исцрпеното и ослабено животно повеќе не можело да јаде и му е потребна итна стоматолошка помош.

Галина Цимано која живее во далечниот Солонцови, 6.300 километри источно од Москва објаснила како нејзиниот сосед на крајот од селото ја пронашол големата мачка пред неговата врата во раните утрински часови: „Алексеј Хаидејев наиде на тигар на неговиот трем. Сакал да излезе во дворот тоа утро, но вратата била блокирана од нешто. Почнал да ја турка вратата и го слушнал тигарот како рика. Тој се вртил внатре и ги викнал службите за итни случаи.“

Експертите за тигри се сигурни дека предаторот барал човечка помош како очајно последно средство. Тимот за итни случаи му дал седативи на животното и истото било пренесено во центар за рехабилитација во селото Алексевка. Таму специјалистите заклучиле дека животното е старо 10 години и е тигрица која има акутен проблем во вилицата.

„Тигрицата се однесуваше сосема смирено, како да очекуваше помош.“, изјавил Сергеј Арамилев, директор на центарот Амур Тигар. Животното било исцрпено и немало заби на горната вилица. Сега специјалистите сакаат да го подобрат општото здравје на тигрицата за да може подоцна да ја издржи потребната операција.

https://www.youtube.com/watch?v=A4xqNYohm54

 

Претходно «
Следно »