December 9, 2021, 11:45 am

Сиднеј ги зaoструва мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во Сиднеј апелираа до граѓаните да не одат на распродажбите од 1 јануари, додека некои северни предградија се на чекор од воведување строги мерки на само три дена пред истекот на утрешниот рок за претходно воведениот сет ограничувања.

Во државата Нов Јужен Велс откриени се девет новозаразени лица, од кои осум се од северните предградија, каде се потврдени вкупно 116 пациенти.

– Нашата стратегија е да го потиснеме вирусот во најкус можен рок, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан и ги охрабри своите сограѓани да се преориентираат на купување преку интернет за време на распродажбата од 1 јануари.

Жителите на Мелбурн, главниот град на државата Викторија, излегоа од рестриктивниот режим по 111 дена вонредни мерки воведени претходно годинава.

Latest News

Стефковски: Сѐ додека сум јас градоначалник нема да дозволам отворање на индустриски капацитети за загадувачка индустрија

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово беше гостин во ,,Утрински брифинг” на СлободнаТВ. Стефковски истакна дека во периодот...

More Articles Like This