СИЛНА РАСПРАВИЈА ВО ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА: Тензично на информативниот разговор во Финансовата полиција

  • August 7, 2018

По пет часа претрес во домот на претседателот на ГРОМ, како и во домот на неговите деца, Јакимовски заедно со неговиот адвокат заминаа на информативен разговор во седиштето на Финансиската полиција.

Веќе два часа трае информативниот разговор кој во просториите на Финансовата полиција го водат инспекторите и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Од просторијата во која што се одвива разговорот се слуша гласна расправија помеѓу Јакимовски и инспекторите.

Претходно Јакимовски, за Инфомакс обелодени дека на вакво сценарио бил спремен уште изутрината кога му стигнала порака со закана за тоа што ќе му се случувало вечер.

Јакимовски истакна дека решението било спремно уште од утрината.

Претходно «
Следно »