СИЛЈАНОВСКА ВОДИ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ: За професорката гласот би го дале 59 проценти од испитаниците, а за Пендаровски 41 процент

  • March 6, 2019

Веќе се прават анкети за поддршка за кандидатите за претседател на Македонија. Анкти прават агенциите но, анкети прават и портали како следната на порталот Прес24 и во сите досега познати анкети води кандидатката Гордана Сиљаноска Девкова пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, во случајов предноста е 18%, а гледано меѓу Македонците во друга анкета предноста на Сиљановска е и поголема – над 25 проценти пред Пендаровски, пренесува Вечер.

Расте предноста на професорката Гордана Силјаноска на анкетата спроведена меѓу читателите на Press24. За една недела, Силјаноска скокна од 52% поддршка на 59%, додека Пендаровски, од 48%, падна на 41%.

Во анкетата која ќе се затвори утре на пладне гласале вкупно 6.000 читатели. Од нив, нешто повеќе од 3.500 се определиле за Силјановска, а нешто над 2.400 за Пендаровски. Гласањето е тајно.

Претходно «
Следно »