СИЛЈАНОВСКА ДО ЗАЕВ: Не се оди во Брисел на ,,Титаник”

  • April 3, 2019

Да излеземе на овие избори, од една страна за да избереме некому кому му веруваме, ама и од друга страна за да им покажеме дека народот ги видел coголени, дека видел дека не можат ништо да направат, порача вечерва пред кавадарчани Гордана Силјановска Давкова.

-Единстената реформа што ја направија е реформата на нас, реформата на Македонија. Ѝ го сменија името, а сега чекорат кон промена на идентитетот. Никој нема право на таква промена. Никој не го одбрал името ниту на АСНОМ, ниту претходно. Името било нешто природно, нешто природно, нешто неизбежно. Оти Македонците постоеле како нација и пред да постои државата Македонија. Значи таа немала избор, можела само да го земе она што ѝ го дала нацијата, рече Силјановска Давкова.

Таа додаде и дека Македонија и граѓаните ќе си го најдат европското место и ќе ги препознаеме европските стандарди овде во Македонија.

-Не се оди во Брисел на „Титаник“, а нивната власт е власт на „Титаник“. Иако велат дека имаме сидро што нè влече долу, имаме каде да се вратиме, оти тоа сидро е коренот на нашата Македонија. Ако немате корен, не може да има дрва, не може да расте македонското дрво, кое тие сакаат да го иcyшат. Нема да им успее, рече Силјановска Давкова.

Дрвото ќе расцвета, додаде, кога ќе има предвремени избори и на нив ќе победат оние кои никогаш нема да ја заборават Македонија.

Претходно «
Следно »