СИЛЈАНОВСКА ОД НЕГОТИНО: Ако продолжи вака, ќе шетаат по Македонија со контроли дали сме ги тргнале спомениците

  • April 3, 2019

Ова во своето обраќање во Неготино го истакна Гордана Силјановска Давкова. Таа ги потсети присутните на еден текст од нејзиниот грчки колега.

Еден мој колега во момент на искреност во Солун напиша: „Ние Грците успеавме во поновата историја да сториме нешто што никој не успеал – да го редизајнираме идентитетот на соседот, на нивните предци, но и на нивните идни генерации. Да ја смениме нивната историја, нивната култура“. Тоа е искреност од грчка страна. Но, нашиот премиер и оние околу него велат дека сме го зајакнале идентитетот, рече Силјановска Давкова додавајќи дека ако продолжи вака ќе ни се случи да шетаат по Македонија со контроли и да гледаат дали сме ги симнале, дали сме ги тргнале спомениците кои на секој чекор ги гледаме, артефактите од античкото минато.

Претходно «
Следно »