СИЛЈАНОВСКА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА ЧЕНТО ВО ПРИЛЕП: Не смееме да ги заборавиме хероите, особено првиот претседател на државата

  • April 8, 2019

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова положи цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, првиот претседател на Македонија, Андонов Ченто. Според неа, тоа е моќна симболика, зошто еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот.

„Ние активно, односно партизаните активно се вклучиле на правата страна што значи уште од тогаш Европа и ЕУ биле нешто природно за нас. Она што тревожи е што кога јас учев основно и средно за Ченто не учевме, ние не смееме да си ги забораваме хероите. А, не особено првите претседатели на државата, и од тоа да се срамиме. Односно да се срамат оние кои ги криеле. А, што се однесува до мене симболиката би била ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена првата претседателка на Република Македонија“ рече Силјановска.

Претходно «
Следно »