СИЛЈАНОВСКА: Резултатот од изборите покажа дека одлуката не ја носат граѓаните

Поврзано

ПО ПРАЗНИЦИТЕ: Комисијата за зaрaзни бoлecти ќе рacправa за олабавување на мepкитe

Отворање на угостителските објекти, на градинките и намалување на полицискиот час, се некои од темите за кои Комисијата за...

УКЛО И АМЕРИКАНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: „Како пaндeмијaтa ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“

УКЛО, Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование денеска од 12:30 часот во рамки на онлајн активности од...

СЗО ГО ДEМAНТИРA ЗАЕВ: Ако брзо се yкинaт мepкитe, земјите може да се соочат со “втор бpaн“ на кoрoнaвиpyc

Светската здравствена организација предупредува дека земјите би можеле да се соочат со „втор бран“ ако пребрзуваат со укинувањето на...

На крајот на гласањето во вториот круг од претседaтелските избори помислив дека она за што се залагаше професорот Река, велејќи дека очекува индивидуални гласови и одлука од граѓани, а јас верував во тоа, сепак тоа не се случи. Заклучокот ми беше дека сепак македонискиот свет не се сменил, дека одлуката во последните саати ја донеле партиите, а не граѓаните, рече Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при гостувањето на телевизија Алфа каде зборуваше за случувањата и впечатоците од изборите.

Таа укажа дека во едно општество за сите, како што говореа од СДСМ, можат да биди исти само граѓаните, а како што рече „нам ни се случи поделба“.

-На изборите едно е сигурно дека не изгубив поради програмата, поради концептот. За тоа добив многу признанија и тука и од надвор, рече Силјановска.

Според неа демократската консолидација е предвизвик во Македонија.

-За жал јас не гледам се’ уште знаци за тоа, на тоа треба да се работи, посочи Силјановска.

На прашањето дали помислила да оди сама на изборите, Силјановска со одговор: „Имав предлог да настапам и сама на изборите и тоа од дијаспората, но јас сум реална и знам дека без партија е многу тешко да се оди на избори. Треба логистика за избори, тоа не е натпревар на знаење“.

Според неа несвојствено е што премиерот Зоран Заев беше најактивен за време на претседателските избори.

-Одењето на одмор на Заев заслужува коментар. Премиерот наместо да се држи на страна тој беше најактивен, па затоа сега заслужува одмор, рече Силјановска.

За неа пак како што рече сложено е прашањето за тоа дали таа би се нафатила на некоја функција.

-За членство во партија не размислувам, но за функција ми велат никогаш не вели не. Сепак во моментов не сум размислувала за нов ангажман, посочи Силјановска.

И како што рече, го информирала и евроамбасадорот Самуел Жбогар дека треба да се почне со системски промени како корекции во насока владата да делува како тим, бидејќи сега имаме влада во влада, или две влади, два парламенти и слично.

Актуелно

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата...

РАСТЕ БРОЈКАТА И ДЕНЕС: На 250 теста 21 нов случај на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и...

Нов раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи...

БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани...

СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина. Забраната не важи за полицијата, армијата,...

Повеќе вести