Cимoвcки бил зaмeник диpeктор нa Cтaтиcтикa зa вpeме нa HAMECТЕНИОТ ПOПИC 2002

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апостол Симовски актуелниот директор има голема биографија зад себе во која може да има увид секој еден граѓанин бидејќи истата е објавена на официјалниот сајт на Владата на Република Македонија.

Но тоа што не може таму да се прочита е фактот дека Симовски бил на раководна позиција во заводот за статистика за време на наместениот попис од 2002 година.

Апостол Симовски за време на пописот од 2002 бил Заменик-директор. Неофицијално на тој попис, директорката била разрешена преку ноќ затоа што тогаш таа одбила да потпише фалсификат резултати.

Македонија веќе 20 години нема спроведено попис на населението, а последниот го спроведе во екстремно лоши услови, штотуку излезена од војна под големи притисоци од албанскиот, но и меѓународниот фактор.

Голем дел од граѓаните податоците од пописот во 2002 ги сметаат за лажирани и наместени со цел да се исполнат одредбите од Рамковниот договор во кој правата на малцинството се врзани директно со процентот од населението.

Во прилог на овие сомнежи оди и споредбата на пописот од 2002 и 1994 година.

Доколку направиме споредба на податоците од 1994 и 2002 година, за осум години населението на Македонија пораснало за околу 92 илјади граѓани од кои околу 67 илјади се етнички Албанци, околу 9 илјади се Македонци, а останатите 16 илјади се припадници на другите етнички заедници.

Ваквите податоци несомнено се проблематични, a со овие бројќи Албанците достигнаа бројка од 25 проценти од населението во Македонија, а Македоните паднаа на бројка од 64 проценти. Во 1994 Македонците беа 66 проценти од населението, а Албанците околу 23 проценти од населението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This