October 23, 2020, 6:15 am

Сингапур и kopoнавиpуcот: Се живее без пaниkа, а политичарите се откажаа од платите во kopист на медицинските лица

Поврзано

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот...

Словенија воведува нajcтроги мерки по алapмантната бројка на новозaболeни

Словенија од сабота ќе воведе нови рecтриктивни мерки за спрeчување на ширењето на кopонавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша...

Д-р Вело Марковски објаснува зошто е штeтнo да се носи маска на отворено

Вело Марковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва истакна дека носењето на маска на отворено е штeтно. Марковски објасни...
- Advertisement -

Во Сингапур животот се одвива нормално, и покрај пандемијата. Авторитарниот град-држава во Источна Азија презеде мерки навреме: со повикување на солидарност и остри казни за кршење на правилата. А помага и музиката, пишува Дојче веле.

„Се бориме против вирусот“ е името на песната која со познатата мелодија на „Саунд оф сајленс“ на „Сајмон & Гарфанкел“. Постои и корона-рап на кој се игра во училиштата во Сингапур.

– Измијте ги рацете, не допирајте го лицето – така се чистиме од вирусот – вака звучат песните во заедничката битка во која сите можат да се потпрат еден над друг.

Тоа е духот на Сингапур на кој апелираше и премиерот Ли Хсиен Лонг:
– Секој има своја задача во оваа криза и никого нема да го оставиме сам. Ова е обединет Сингапур!

И звукот од клиничкиот термометар е дел од новиот звук на Сингапур – на аеродром, во подземна железница, пред јавните згради и трговските центри.

Маските отсекогаш биле дел од градскиот пејзаж

Во понеделникот во Сингапур, град со помалку од 6 милиони жители, беа потврдени 121 случај на коронавирус. Но, клучната работа е што речиси исто толку пациенти се излекувани и отпуштени од болница. Сите заразени лица беа изолирани во краток рок, контактите на заболените со други лица се идентификувани и ставени во карантин со помош на системот „Контакт-трејсинг-менаџмент“, развиен по епидемијата со вирусот САРС пред 17 години.

Ситуацијата во Сингапур е под контрола, објаснува шефот на владата, и градот нема да биде затворен како што е случајот во Кина, Јужна Кореја или во Италија. Животот во оваа метропола се одвива нормално. Децата одат на училиште и во градинка, рестораните и продавниците се отворени. Луѓето носат маски, но тоа е вообичаена глетка. Кога некој во Азија има настинка, секогаш носи маска на лицето – не заради себеси, туку за да ги заштити другите.

Биди внимателен, но не паничи – тоа е мотото. Секако, градот е попразен од вообичаено затоа што доаѓаат помалку туристи. Откако беше забранет влез во Сингапур за Кинезите, Јужнокорејците и Италијанците, сега забраната важи и за Германците. Германија се смета за земја со висок ризик и се критикува дека е една од оние што предолго не го сфаќаа коронавирусот сериозно.

– Светската здравствена организација тоа го нарекува алармантно ниво на неактивност. Ние во Сингапур уште од почетокот го сфативме Ковид-19 крајно сериозно – изјави премиерот.

Политичарите се откажаа од една плата

Како и сите министри и парламентарци, и шефот на државата се откажа од едномесечната плата во корист на хероите на фронтот: медицинските сестри и лекарите, чистачите, таксистите… Тоа не го убива вирусот, но создава солидарност. Вирусот тука се смета за закана за егзистенцијата – општеството и економијата.

Поради тоа, властите реагираа и одлучно воспоставија кризни штабови. Карантинот почнува со самоизолација дома – како превентивна мерка. Во болниците има повеќе од 400 кревети во изолираните оддели.

Кршењето на правилата за карантин строго се казнуваат: на пример, четири странци со работни дозволи беа избркани од земјата поради кршење на правилата. Веднаш беа депортирани.

Луѓето ѝ веруваат на владата

Се разбира, Сингапур не може да се спореди со другите земји: географската положба на островот овозможува контрола на сообраќајот и лесно затворање на границите во вонредни ситуации. Покрај тоа, градот-држава не е демократија во западна смисла. Медиумите ги контролира влада – за короната речиси сите идентично известуваат.

Покрај тоа, Сингапурците се неверојатно послушни. Се разбира, ова го олеснува управувањето со кризи: луѓето ѝ веруваат на својата влада, веруваат дека работи правилно и ги следат нејзините инструкции. Ова е уште една причина поради која паниката е непознат збор во Сингапур.

Извор: Deutsche Welle
Фото: Pixabay

Latest News

Македонофoб и бугарофoб поставен за директор на Управата за развој и унапредување на јазиците, инаку кум на Српче

Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците...

Полицијата пpekина свадба со 200 гости во Арачиново

Вечерва околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во с.Арачиново, дознава Канал5. Во објектот затекнати се околу 200 лица, а...

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот на жpтви на епидемијата останува...

(Видео) Каракачанов со дрзok коментар му одговори на дeмонcтрaнт кој побара ocтавка од него

Ти може да не си ја сакаш мајка ти, со овие зборови вицепремиерот и министер за одбрaна на Бугарија, Красимир Каракачанов, му се обрати...

Словенија воведува нajcтроги мерки по алapмантната бројка на новозaболeни

Словенија од сабота ќе воведе нови рecтриктивни мерки за спрeчување на ширењето на кopонавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша денеска најави зaтворање на сета...

More Articles Like This