Синот на Жан Митрев yaпceн во Германија – бил дeл од тepopиcтичka ќeлиja на ИCИC?

Поврзано

- Advertisement -

На 12.11.2019 година германската полиција разбила терористичка ќелија на ИСИС, а во акцијата уапсени се три лица – двајца Турци (21 и 22) и еден Македонец(24). Акцијата се случила во германскиот град Офенбах – пренесува „Дојче Веле“.

Првоосомничениот Македонец бил подготвен и планирал терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење на бомба, пишува германската национална информативна агенција.

Според германските власти, пишува „Дојче Веле“, тројцата планирале бомбашки напад кој имал за цел предизвикување на што поголема бројка на човечки жртви во регионот на Рајна-Мејн околу Франкфурт, но до тој момент немале конкретна цел.

Од обвинителството во Франкфурт уште во декември информираа дека полицијата реагирала „навремено за да спречи поголеми штети“.

Во акцијата биле вклучени 170 полицајци, меѓу кои и специјалци. Во рацијата во домовите на тројцата терористи биле пронајдени документи и податоци за организацијата и други терористички ќелии.

Според неофицијални информации, уапсениот Македонец е Филан Митрев(24) кој имал германско и македонско државјанство. На социјалните мрежи Филан има објавено повеќе фотографии со арапски мотиви, а од неговата листа на пријатели може да се забележи дека тој интензивно комуницирал со лица од арапскиот свет.

Освен фотографии со симболика сродна на идејата на ИСИС, Филан Митрев е фотографиран и со кардиологот Жан Митрев, а според неофицијални информации токму Филан Митрев е син на Жан Митрев.

Токму оваа информација се лиферува и на социјалните мрежи, а на Твитер, според корисникот „ВардарМакедон“ Филан Митрев е син на Жан Митрев. Сепак, засега нема официјална потврда.

Некаде пред една година, на инстаграм профилот на Филан Митрев пристигнале и честитки по повод неговата одлука да се конвертира во Муслиманската вера.

Добро ни дојдовте во Ислам брате! Браво сега си во вистинскиот живот! Ти си најдобар кај Алах од мене брате! Ти посакувам многу среќа во животот во сите сфери.

Жан Митрев чија кардиолошка болница го промени името од „Филип Втори“ во болница „Жан Митрев“ во текот на декември, а потоа и се приклучи и во кампањата на Владата на Р.Македонија „За“ промена на името, предизвика доста контраверзи со оглед на тоа дека токму кардиологот важеше за силен поддржувач на античката историја на Македонија.

Оттука логично се поставува прашањето, дали оваа акција на германската полиција била употребена Жан Митрев да биде уценет да го промени името на болницата, но и да ја поддржи кампањата „За“ референдумот за промена на Уставното име на Р.Македонија?

Извор:
Deutche Welle

Bild.de

Фејсбук/Инстаграм профил на Филан Митрев.

А.Митовски

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This