Синот на Муса Џафери „kpkна“ милион од Град Скопје, и уште милион од други тендери за струја

Поврзано

- Advertisement -
Фирма во сопственост на синовите на Муса Џафери и тетовскиот бизнисмен Азби Ибрахими, „У-Повер“ денес склучила тендер во вредност од 67.500.000 денари, или нешто повеќе од еден милион евра со Град Скопје, според податоците достапни на порталот на Бирото за јавни набавки. Интересно е тоа што тетовската фирма „У Повер“ е соспственост на синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери кој пак е партнер со Фитим Ибрахими, син на тетовскиот бизнисмен Азби Ибрахими кој пак е сопственик на градежната компанија „АК Инвест“ која исто така учествува на тендери и е сопственик на две мали хидроцентрали. Откако ги добива потребните лиценци од Регулаторната комисија за енергетика во 2019 година, оваа компанија почнува да се етаблира на пазарот и да добива тендери. Првиот тендер со посериозни суми е тендерот склучен со ЈП Железници во вредност од 600.000 евра. Оваа година, „У Повер“ добила вкупно 162.760.000 денари, или 2.645.528 евра.
Интересно е што тетовската компанија испорачувала струја до АД МЕПСО и ЕЛЕМ, а со струја освен Градот Скопје ги снабдува и општина Битола, Бутел, Гевгелија, Аеродром, Свети Николе. Струја од „У Повер“ купува и дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, или популарно наречените – економски зони. Од „У-Повер“ велат дека нејзиното формирање е резултат на долгогодишното пријателство меѓу партнерите Џафери и Ибрахими, кои, истакнуваат од таму, се млади, амбициозни и висококвалификувани лица, пренесува Фокус. „Во ова сфера постои само еден фактор за успех, а тоа е ниската цена во продажбата на електричната енергија – вели управителот на друштвото Васко Симовски за „Фокус“, додавајќи дека тоа важи и за комерцијалните клиенти и за јавните претпријатија или државни органи,
- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This