СИНОТ НА НЕТАНЈАХУ ПРЕДИЗВИКА МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ: Објави скандалозни фотографии и напиша „Fu*k Turkey“

  • May 16, 2018

Израелско-Турската војна на зборови е во полн замав, синот на израелскиот премиер објави контроверзна слика со експлицитна содржина. Иако беше брзо отстранета, корисниците на Твитер се чини дека биле побрзи.

Јеир Нетанјаху, син на премиерот Бенјамин Нетанјаху, на својто Инстаграм објави контроверзна слика со наслов “F ** k Turkey”, објави израелскиот весник Хаарец.

Одговарајќи на ова постот, внатрешниот круг на Нетанјаху рече дека нема речиси ништо невообичаено во постот, бидејќи “Јеир Нетанјаху е приватно лице, како и неговиот профил на Инстаграм”. Како и да е неговиот акаунт на Инстаграм веќе не постои.

Овој пост доаѓа во услови на големиот дипломатски спор помеѓу Израел и Турција. Во вторникот, по убиството на неколку десетици Палестинци во Газа, Анкара го протера израелскиот амбасадор Еитан Нах од земјата. Според Министерството за надворешни работи на Израел, тој бил подложен на “понижувачка” безбедносна проверка на аеродромот во Истанбул.

Претходно «
Следно »