СИРИСКАТА ВОЈСКА ТРГНА КОН ГРАНИЦАТА СО ТУРЦИЈА: Сириските владини сили на страната на Курдите против Турција и цело НАТО

  • February 19, 2018

Припадници на сириските народни сили во наредните неколку часа ќе се распоредат во Африн во очекување на борба против турските сили, како и поради помош на Курдите, јавува САНА

„Сириските народни сили во наредните неколку часа ќе влезат во Африн поради поддршка на населението во борбата против турската агресија, која продолжува цел месец“, пишува агенцијата.

Советничката на претседателот на Сирија Бусејна Шабан изјави дека Дамаск се плаши дека НАТО во тешка ситуација ќе ја поддржи Турција.

„Турција е членка на нАТО. Ако настане некој проблем, НАТО пре би ја поддржале Турција отколку било кој друг“, изјавила таа на прес-конференција на Меѓународниот дискусионен клуб Валдај под назив „Русија на Блискиот исток: Играчи на сите полиња“.

Вчера медиумите соопштија дека, според договорот на сириската војскаи курдските сили на самоодбраната, во наредните два дена ќе завземат низа на позиции на границата со Турција и во самиот град Африн. Меѓутоа, ова соопштение засега не го потрдија официјални извори од Дамаск и Африн.

Претходно «
Следно »