СИРИСКИ ГЕНЕРАЛ ПРЕДУПРЕДУВА: Европа и САД го пуштија волкот, сега ќе им ги изеде кокошките – ќе зажалат поради тоа!

Поврзано

Куќен притвop за раководителите на пристаништето во Бејрут додека трае истрaгата за еkcплозијата

Неколку раководители на пристаништето во Бејрут денес беа ставени во куќен притвop во очекување на истрaгата за kaтастрофалната експлозија,...

Не е од Кина?: Руски научници тврдат дека ковид-19 во Русија не пристигнал од Кина

По истражувањето, руските научни организации открија дека коронавирусот не пристигнал во Русија од Кина, туку главно од Европа, изјавиле...

Coмнителни пакети од Кина пристигнаа и во Полска

Полската полиција побара од граѓаните да ги информираат органите на редот ако евентуално добијат coмнителни пакети со семиња од...
- Advertisement -

Велика Британија, Франција, Америка, Израел и Саудијците решија да ја поделат Сирија иако имаат многу различни интереси. Верувам дека европските народи ќе имаат најмногу штета ако се распадне Сирија. Американците и Европејците се како пастир што го пуштил волкот во својот дом. Тој волк извесно ќе му ги изеде сите кокошки и овци, вели Хасан

Sirija_prikraj

Самото споменување на разузнавачката служба на сириското воздухопловство е доволно да го стивне секој разговор. Иако за генералот Џамил Хасан се тврдеше дека е мртов, Роберт Фиск, репортер на “Индипендент” се увери дека од 63-годишен војник е жив и приличНо активен.

-За западните медиуми јас сум воен злосторник. Затоа не сум ни сигурен дека нашиот напис за мене ќе биде објавен во весникот Индипендент. Подготвен сум, дури и под закана да ме изнесат пред Судот за воени злосторства, да ја продолжам мојата работа. Оти Сирија заслужува жртва, рекол генералот Хасан.

Неговата слава сепак малку ја преувеличува, пишува весникот, бидејќи ниту еден суд за воени злосторства не побарал негово апсење. Но, ЕУ го осуди поради “учетсво во репресија против граѓанскиот бунт” во Сирија во 2011 година, наметнувајќи му забрана за патување и замрзнување на неговите финансиски средства.

И американското министерство за финансии му наметна санкции по тврдењата дека неговата разузнавачка служба убила најмалку 43 демонстранти во април 2011 година.

Разговорот со Хасан траел три часа и притоа неколкупати изразил лојалност кон претседателот на Сирија Башар ал-Асад и потврдил дека понемилосрдна реакција на првите најави за револуција во Сирија во 2011 година можела лесно да ја уништи вооружената опозиција на режимот.

Новинарот на Индипендент опишува дека пред канцеларијата на Хасан има четири знамиња – едно сириско и три руски. Хасан нема никаков сомнеж за тоа кој е виновен за сириската трагедија.

-Западен заговор против Сирија. Прво Израел, главата на змијата, и сите кои ги поддржуваат нивните политики, заедно со арапските режими кои ги предводи Саудиска Арабија. Не зборувам за саудискиот народ, тукуз а кралот и кралското семејство, тоа себично и нарцисоидно семејство кое има многу валкан став кон арапскиот народ, особено кон земјите како Сирија која има млад, многу интелигентен водач кој знае кои се интересите на неговиот народ, па дури и интересите на целиот арапски свет, вели Хасан.

-Велика Британија, Франција, Америка, Израел и Саудијците решија да ја поделат Сирија иако имаат многу различни интереси. Верувам дека европските народи ќе имаат најмногу штета ако се распадне Сирија. Американците и Европејците се како пастир што го пуштил волкот во својот дом. Тој волк извесно ќе му ги изеде сите кокошки и овци, вели Хасан.
Инаку, сириските владини сили го презедоа Ал-Сакур, клучниот дел на Алепо, и со тоа ја повратија контролата врз северните области во источниот дел на градот, кои беа контролирани од бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

– Тоа е најголемиот пораз на опозицијата во Алепо од 2012 година. Тие загубија повеќе од една третина од областите во Алепо, истакна директорот на Сирискиот центар, Рами Абдул Рахман.

Истовремено, речиси 10.000 цивили побегнале од источните делови на сирискиот град Алепо кон областите кои се под контрола на курдските и сириските сили, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Каде исчезнаа децата на бегалците во Германија?

Нема никакви информации за тоа каде се 206 исчезнати сириски деца во германската покраина Бранденбург, а ширум Германија исчезнати се 9.002 деца бегалци, пишува германскиот весник Велт повикувајќи се на податоци од германското Министерство за внатрешни работи.

Федералниот оддел за борба против криминалот (БКА) пред три месеци соопшти дека ширум Германија од исчезнатите 9.002 деца на бегалци, 918 се помлади од 13 години.

Не може да се утврди ни судбината на 179 деца кои беа сместени во дивиот бегалски камп “Џунгла” во Кале што француските власти го урнаа минатиот месец.
Хуманитарните организации предупредуваат дека овие деца можат да станат жртви на различни облици на злоставување.

Latest News

(Видео) Силниот ветер однесе покрив од зграда во Делчево

Невреме со силен ветар денес околу 13 часот го зафати Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви меѓу...

Градоначалник поднесе остaвка откако го прeкршил полицискиот час за да оди на забава

Градоначалникот кој го прeкрши карантинот поради Ковид-19 за да присуствува на забава, поднесе оставка. Градоначалникот на Лутон, Тахир Малик, беше сликан на собир во...

Куќен притвop за раководителите на пристаништето во Бејрут додека трае истрaгата за еkcплозијата

Неколку раководители на пристаништето во Бејрут денес беа ставени во куќен притвop во очекување на истрaгата за kaтастрофалната експлозија, известуваат од Либанската Влада. Експлозијата...

(Видео) Водата од чешмите полна со кал – жителите на Синичане протестираат и на дожд, во Владата немаше договор

Во куќите во Синичане, наместо вода, од чешмите тече кал. Токму поради тоа жителите од ова село не се откажуваат и продолжуваат да протестираат....

Не е од Кина?: Руски научници тврдат дека ковид-19 во Русија не пристигнал од Кина

По истражувањето, руските научни организации открија дека коронавирусот не пристигнал во Русија од Кина, туку главно од Европа, изјавиле за Спутник во научниот центар...

More Articles Like This