СИТЕЛ ДОЗНАВА: Нуклеарната проба која ја изврши Северна Кореја завчера, почуствувана е и во Македонија

  • September 10, 2016

Нуклеарната проба на Северна Кореја се почувствувала и во Македонија. Ова го потврдиле и апаратите на Македонскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

06052016192926_north-korea-ready-for-fifth-nuclear-test-384d2d20063c655b1474e9598bd0756b

Земјотресот кој го предизвика пробата во Северна Кореја бил со јачина од 5,3 степени по реихтер.

Директорот на Институтот за Сеизмологија вели, во моментов главната загатка за светот е дали бомбата на Северна Кореја е Атомска или Хидрогенска.

Севернокорејските власти, преку државната телевизија, се заканија дека со  вчерашниот тест на светот му докажале дека можат да ја уништат Америка.

Советот за безбедност на Обединетите Нации, по состанокот зад затворени врати на САД, Јапонија и Јужна Кореја се согласи дека пробата која ја изврши Северна Кореја е најмоќната подземна експлозија на северот и дека  дополнително ќе преземат значителни мерки и санкции како одговор.

Гаревски вели дека македонскиот ИЗИС во деведесетите имал комуникација со северно-корејците на кои Македонија им продавала застарена сеизмолошка технологија од времето на Југославија.

И на крај се извинуваме на Агенцијата за Медиуми што не успеавме да обезбедиме став од лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.

Превземено од Сител-Љупчо Златев

Претходно «
Следно »