СИТЕ АЛБАНСКИ ПАРТИИ НА ВЛАСТ: Албанците ќе останат без опозиција – БЕСА влегува во владата

  • April 7, 2018

Пратеникот од Беса, Реџеп Мемеди, денеска изјави дека очекуваат да бидат дел од Владата.

Мемеди на денешната прес-конференција најави дека деновиве очекува интензивирање на разговорите за нивен евентуален влез во Владата.

– Во однос на нашите контакти со премиерот Зоран Заев за евентуално вклучување на Движењето Беса во Владата, имаше неколку средби, но за поконкретни чекори очекуваме наредните денови да се интензивираат контактите и поконкретно да разговараме за оваа тема- рече Мемеди.

Претходно «
Следно »