October 23, 2021, 9:44 am

Сите детали за состојбата поврзана со пожарите во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите во Македонија до 12 часот денеска.

Струмички регион

Пожарот во месноста Погана кој започна на ден 01.08.21 година околу 12:30 часот и зафати површина од околу 800 Ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар и јасен) е сеуште активен. Од синоќешниот состанок на Кризниот штаб, на кој учествуваше и Директорот на ЦУК договорено е во текот на денешниот ден да интервенираат ТППЕ Валандово со 7 пожарникари и 2 ПП возила, ШС со 20 вработени, ПО ДЗС Валандово со 7 вработени, ТППЕ Неготино со 3 пожарникари и 1 ПП возило и АРСМ со 80 припадници, ЈП МШ ПСШ Кожув Гевгелија со 16 вработени и 3 теренски возила и општина Богданци со 6 вработени, 2 возила и 2 мотори. На пожарот е договорено да дејствува и хеликоптер на АРСМ како и екипа на ЕВН со 2 теренски возила и 2 трактора за пренос на храна и вода за учесниците на пожарот.

Пожарот на отворен простор кај м.в.Погана кој гори на територијата на ПШС Кожув е ставен под контрола.

Кумановски регион

Пожарот во с.Дренок кон Отошница – општина Ранковце, моментално е локализиран, но постои опасност од повторно активирање. За таа цел е неопходен постојан надзор и контрола од шумски работници на ЈП НШ подружница Куманово. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 13 војници од АРСМ и 7 пожарникари од општина Ранковци. Околу 07:30 испратени биле и 4 хеликоптери од Р.Србија и 25 војници од АРСМ од кои 13 во с,Дренак а 12 во с.Вржогрнци – општина Ранковце. Од вчера до сега во с.Дренак изгореле 14 куќи и 1 школо.

Шумски пожар во почетна фаза во реонот на с.Алинце кон с.Брешко. Екипите се упатени на терен. Пожарот во с.Мургаш кој синоќа беше изгаснат околу 04:00 повторно се активирал. На терен е екипа од ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило.

Пожарот во атар на с.Коњух кој започнал на ден 03.08.2021 година околу 12:00 часот е сеуште активен на непристапен терен за возила. Во гасењето на пожарот учествуваат 7 пожарникари од ТППЕ Кратово, 8 вработени од ЈП Македонски Шуми, луѓе од месно население и службеници од ПСОН Кратово. Пожарот е на поголема површина но нема опасност по куќите во селото.

Битолски регион

Пожарот кој е започнат во 13:10 часот на ден 02.08.2021 година во атарот на во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица, општина Прилеп е сеуште активен. На ден 04.08.2021 година околу 04:00 часот испратена е екипа од 10 пожарникари со 2 теренски возила од ТППЕ Прилеп да интервенира на истиот.

Командирот на ТППЕ Прилеп изјавил дека побараната помош од армијата во текот на вчерашниот ден, до овој момент не е потребна, но со командантот на касарната е договорено војската да биде припремна и на готовс, доколку има потреба ќе бидат активирани. На терен од 06:00 часот е присутна и екипа од 6 вработени од ЈП Македонски Шуми „Црн Бор“ Прилеп. Пожарот во нискиот дел е под контрола со слаб интензитет а гори во високиот дел каде е непристапен теренот. Нема опасност за населението и објекти од населените места. Према проценката, до овој момент нема потреба од дополнителна помош.

Штипски регион

Пожарот од 02.08.2021 година кај м.в.Бајаз Тепе – општина Пехчево е сеуште активен. На терен моментално интервенираат екипа на ШС „Равна Река“ со 18 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз, екипа на ШС „Малешево“ со 8 вработени и 2 теренски возила со цистерни, ТППЕ Берово со 4 пожарникари со 1 теренско возило и ДЗС со 3 вработени со 1 теренско возило. На пожарот интервенираат и луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста борова и дабова шума со што доаѓа до негово ширење, нискостеблеста вегетација, стрништа и пасишта. Екипите работат на негово локализирање. Во секој момент се очекува и поддршка од хеликоптерите.

Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник маало – Пасјак е сеуште активен и е во дијаметар од 9 км. До овој момент е опожарена површина од околу 350 Ха со борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 90 припадника на АРСМ, 25 Ввработени во ШС „Голак“ Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерна и едно теренско возило, 3 припадник на Гранична полиција со 3 теренски возила и ЈПКД „Брегалница“ со 7 вработени со 1 теренско возило и 1 вработен од РЦУК Делчево. Во ганењето на пожарот е ангажиран и 1 хеликоптер на АРСМ. Пожарот е се уште активен и се шири во правец на маало Балабанци.

Пожарот кој започнал на ден 02.08.2021 година на потегот Костин Дол – Ново Село, општина Кочани е сеуште активен. На терен има екипи од ТППЕ Кочани, 40 војници и старешини од АРМ, 11 вработени со 2 теренски возила од ШС „Осогово“ Кочани, 1 екипа со противпожарен џип од ШС Радовиш и тимови од ДЗС од Берово и Виница.

Скопски регион

Пожарот кој започнал околу 19:20 часот на ден 02.08.2021 година над Катлановска бања, с.Градманци и с.Коњари е сеуште активен но нема опасност за загрозување по животот на населението. Моментално гори мешана шума на непристапниот предел на сртот над Катлановска бања. Моментално на терен интервенираат 12 пожарникари со 4 ПП возила кои се распоредени на потребните критични локации. Состојбата е координирана со Локалната самоуправа Петровец и ПП бригадата на Град Скопје.

Тетовски регион

ЦУК известува дека од страна на ТППЕ Тетово добиена е информација дека во с.Нераште – општина Теарце гори депонија која се наоѓа покрај патот што води кон с.Радуша. Испратена е екипа од ТППЕ Тетово со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

Latest News

Ѓорѓиев: Мaлa дpжава сме, ама Македонците имaaт нajгoлeмо cpцe

Македонскиот кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев, четврти пат дојде до златниот медал на Светското првенство (СП), кое оваа година се одржа...

More Articles Like This