Сите знаеме дека треба да ја исклучиме струјата кога грми, но еве всушност кои две работи се клучни и што го привлекува гpomoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вишиот научен соработник на Институтот за физика, д-р Марко Војиновиќ, даде совет како да се заштитите од у дари на гром. Тој вели дека кога ќе започне грмотевицата, прво треба да направиме две работи.

На прашањето што прво треба да сториме кога ќе започне да грми, д-р Војиновиќ вели дека е многу важно да направиме две основни работи – да процениме колку далеку удира громот и соодветно да се засолниме.

– Две работи се основни, првата е да процениме колку е оддалечена грмотевицата од нас. Ако е доволно блиску, треба да се засолнете во затворен простор, во автомобил, зграда, куќа… и тоа колку можете побрзо, а никако да не останувате на отворен простор или да се засолнувате под крошната на некое дрво…

Одалеченоста на грмотевицата ќе ја процените врз основа на разликата помеѓу времето на појавување на блесокот и звукот на грмотевицата. Ги броиме секундите од блесокот, и ако поминат повеќе од три или четири секунди, тогаш громот е далеку. Ако поминало помалку време, односно ако блесокот и зукот се непосредно едно под друго, тогаш е близу – вели тој.

Тој додаде дека во случај да не сме сигурни колку далеку удрил гром или не можеме да го видиме, секако мора да се засолниме во некој затворен простор, пишува НМД.мк

– Во некои случаи не може убаво да се види, па тогаш многу е тешко да се процени одалеченоста. Но во секој случај, ако не сме сигурни и ако се п лашиме, најдобро е да се заштитиме во затворен простор – рече д-р Војиновиќ.

Сите метални предмети привлекуваат гром

На прашањето дали е точна приказната дека ако сме на отворен простор и ако клекнеме, тоа ги намалува шансите за у дар на гром и дали треба да се ослободиме од некои предмети, Војиновиќ вели дека клекнувањето е „урбана легенда“.

– Клекнувањето е урбана легенда, не прави никаква разлика дали ќе бидете клекнати или сепак ќе стоите, ќе легнете… Сите метални предмети потенцијално привлекуваат молња, да речеме, електрично празнење од атмосферата и кој било метален предмет индицира електризирање на спротивниот пол и така го привлекува.

Затоа е паметно да се ослободиме од металните предмети што ги имаме со нас, а тоа вклучува и мобилен телефон – рече тој.

Тој исто така објасни дека бојата на молњата зависи од температурата на која се загрева воздухот. Најтоплите се светло сини, со карактеристични нијанси, но секоја грмотевици е подеднакво с мртоносна ако е доволно близу.

– Ретко се случува директен у дар на гром во некој човек, но се случува истиот да „падне“ многу блиску. И кога тоа ќе се случи, кога ќе у дри во кој било предмет, тогаш целата околина се наелектризирува.

Луѓето бегаат трчајќи, а електрицитетот сака да си замине по најкраткиот пат, низ најдобриот проводник. И тогаш, преку наелектризираното тло, низ нозете, доживуваме струен у дар. Ако стоиме на едно место и не мрдаме, тоа нема да се случи – заклува тој.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This