СИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ОДАТ ВО СРБИЈА: Преку 30 странски инвестиции ја прескокнале Македонија и инвестирале во Србија!

  • January 30, 2018

Нова Влада, пад на странските инвестиции во земјава. Податоците покажуваат дека владата на СДСМ е далеку зад темпото на претходната Влада која беше силно посветена на инвестициите, и во делот на странските инвестиции и отворањето нановите работни места.

Бројките покажуваат дека Македонија не веќе посакувана дестинација за инвеститорите и инвестициите не заобиколуваат.

Министерот за економија на Србија Горан Кнежевиќ изјави дека “подобрената бизнис клима во Србија донела странски директни инвестиции во вредност од 2,6 милијарди евра во 2017 година. Кнежевиќ оцени дека деловното опкружување во Србија не е на идеално ниво, но дека се движи во вистинска насока. “

Од друга страна без разлика што Македонија е четири пати помала по број на жители, кога ќе се видат економските бројки односно странските директни инвестиции Србија за Македонија изгледа како економски тигар, пишува MBH.

Во првите 9 месеци од 2017 година, во Македонија влегле скромни 45 милиони евра, странски директни инвестиции, Но тоа што загрижува е дека во третиот квартал НБРМ регистрираше одлив (повеќе одлив отколку прилив ) на странски инвестиции за околу 50 милиони евра после подолго време.

Уште не се објавени странските директни инвестиции за цела 2017 година туку само за првите 9 месеци, но со оглед дека странските инвестиции влегле во минус уште во третиот квартал, а вкупните странски дирентни инвестиции за првите девет месеци се само 45 милиони евра, добро упатени извори велат дека четвртиот квартал нема да се разликува многу од првите три квартали. И дека вкупните странските инвестиции за 2017 година нема да надминат повеќе од 70-80 милиони евра!

Претходно «
Следно »