СИТЕ МАСКИ НА ЗАЕВ ПАДНАА, МУ ОСТАНА САМО ВРОДЕНАТА: Струмица преплавена со маски

  • March 9, 2019

Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, повеќе министри од Владата на Република Македонија, амбасадори и гости од земјава и странство, но и пред стручното жири, започна Струмичкиот карневал.

Билјана и Кирил Ахтарови вечерва ја предводат интернационалната поворка на Струмичкиот карневал 2019. Тие вчера ја добија титулата „принц и принцеза“ на маскембалот кој е увертира на карневалската кулминација на која треба да продефилираат околу две илјади карневалџии.

„Маската е Фламинго, тие се птици од јужните краишта. И поентата е дека не е се така розово и на запад како што е прикажано. Има и розово и црно“, изјави Кирил Ахтаров, принц на Струмички карневал 2019.

За учесниците, карневалот е дел од традицијата на Струмица, која се негува со годинини и децении.

„Нашата маска се вика Етно рапсодија. Многу години наназад учествуваме и секоја година изворот на идејата го баравме настрана. Годинава решивме да влеземе длабоко во нашите корени и еве нешто наше, а малку поинаку од она што секојдневно го гледаме“.

Од организациониот одбор на карневалот се задоволни од досегашниот тек на осумдневните активности кои почнаа во среда. Сметаат дека по сите параметри, Струмичкиот карневал е европски спектакл.

„Скоро 30 години сум во организацијата. Мислам дека го достигнуваме врвот и повеќе. Се надевам дека ќе ги достигнеме сите европски квалитети ќе ги задоволиме. Годинава првпат се претставивме во Германија и добивме признание за маската“, изјави Ванчо Патриков, од Огранизациски одбор Струмички карневал.

„Најава на струмичкиот карневал преку концерот за маски беше фантастична кој не воведе во еден нов карневал. Очекувам да биде во одлично издание,. Имаме голем број гости. Околу 50 групи од кои 20 од странство, а другите од дома, најмногу од Струмица. Топлото време треба да донесе многу гости“, изјави Александар Цицимов од Организацискиот одбор.

Вовед во карневалското славје приредија и децата од основното музичко училиште Боро Џони со традиционалниот „Концерт под маски“. Шоуто со наслов „ЏУНГЛА“ беше спектакл во звук и боја која двапати на двете изведби до последно место ја исполни салата во Центарот за култура

Утре се одржува детскиот маскембал, а од понедленик почнуваат тримерските денови со служење бел грав од џиновскиот казан, акарневалските денови заврпшуваат в среда со прославата на Тримери.

Претходно «
Следно »