СИТЕ „НА ПРАВ ПАТ“: Кого се плаќаме да „работи“ во РЕК БИТОЛА?!

  • January 24, 2020
  • Коментари

Во Република Македонија изминативе 3 години експлодираа во јавноста најголемите непотистички скандали при што бевме сведоци на непотизмот на коалиционите партии на власт за вработувања спротивно на Законите. Овој тренд на непотизам зеде толкав замав што граѓаните и медиумите веќе престанаа да ги бројат истите. Да не заборавиме дека теретот ќе е на грбот на граѓаните на Македонија оние кои ја плаќаат цената за партизацијата на администрацијата. Очигледно е дека три услови беа клучни при вработувањата во администрација.

Основни критериуми за вработување беа роднинските врски, активизмот во владеачките партии и купување на гласачи со пари од буџетот, кој потоа не се појавуваат на работа. Согласно овие критериуми кои се спротивни на Закон и Устав на Македонија се врши дискриминација на сите граѓани.

Најдобра потврда за партизацијата се последните вработувања во РЕК Битола и другите подружници на АД ЕЛЕМ каде директорува Васко Ковачевски, екс пратеникот на СДСМ. Технички секретар, евидентичар, референт за евиденција, одговорен книговодител, административен техничар, деловодител, финансов рефрент, портир-стражар, магационер, комерцијален референт, техничар за хардвер, самостоен економист, технички цртач, референт за пресметка на камати, координатор за правни работи, референт за кадровска евиденција и општи работи, неколку самостојни инженери во Служба за контрола на квалитет се дел од позициите на кои се донесени нови луѓе.

 

-РЕК Битола на крајот од минатата година распиша два огласи за вработување на вкупно 194 лица. Како што и претходно истакнавме, станува збор за природен процес на обновување на човечкиот потенцијал со кој располага РЕК Битола ако се има во предвид дека во текот на 2019 година на 208 работници им престанал работниот однос по различни основи, соопштија од државното претпријатие.

-На 14 – ти декември оваа година на само 20 – тина дена пред техничка влада Заев распиша оглас за вработување на 194 лица во РЕК Битола. Додека беа опозиција тврдеа дека имаме преполна администрација, за сега самите да трупаат партиски војници на позиции каде што се бара стручност и компетентност. Мотивите на власта не се ништо друго туку предизборен поткуп, доказ за тоа е и Стратегијата за развој на енергетиката за периодот од 2020-2040, со која се предвидува престанок на работата на РЕК Битола до 2025 година, која оваа власт ја предвидува, пак обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Претходно «
Следно »