December 8, 2021, 4:55 am

Си зapaбoти kaзнa oд 50 eвpa: Cкoпјaнeцот кoj ce кpcтeшe пpeд Цар Самоил бил пиjaн и бeз вoзaчкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со 50 евра е казнет возачот кој вчера со својот автомобил се паркираше на плоштадот Македонија и се крстеше пред споменикот на Цар Самоил.

„По објавеното видео на социјалните мрежи, каде што е прикажано непрописно паркирање на јавна површина на улицата Македонија, градските инспектори веднаш реагираа и го казнија сторителот со казна од 50 евра“, соопштија од Град Скопје.

САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕТО ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ЈАВНА ПОВРШИНА НА УЛИЦАТА МАКЕДОНИЈАПо објавеното видео на социјалните мрежи,…

Posted by Град Скопје on Tuesday, December 29, 2020

Од МВР за „А1он“ велат дека лицето било под дејство на алкохол. Во автомобилот имало и сопатници, кои пак, појасниле дека 66-годишниот скопјанец имал здравствени проблеми.

„Преземени се мерки од страна на полициски службеници и утврдено е дека Б.С. е под дејство на алкохол и не носи документи, а сопатниците во возилото појасниле дека има здравствени проблеми. Б. С. е приведен во ПС Центар, а возилото му е задржано. Покрај тоа, изречени му се мерки за возење под дејство на алкохол, неносење возачка и сообраќајна дозвола, измината важност на возачка дозвола и движење спротивно на сообраќаен знак“, велат од МВР за „А1он“.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This