January 18, 2021, 9:01 am

СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ ПЛАТАТА, ПАРИ ЗА ПРОЕКТИ НЕМА: Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе зема поголема плата – пари за проектите, нема!

Поврзано

(Видео) Ниту маски, ниту растојание: Хаос во „Нижеполе“, ски-центарот преполн со посетители, мерките не се почитуваат

По најавата дека стазата е отворена, но и дека нема да се наплатуваат карти, ски-центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот...

Во пoнeдeлник дeлoви oд нeкoлкy cкoпcки oпштини ќe ocтaнaт бeз cтpyja

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 18.01.2021 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од...

МВР со 244 мерки и казни во текот на вчерашниот ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот....
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во општината во време кога владејачките структури ветуваат намалување на бројот на администрацијата, објавува порталот Макфакс.

Според буџетот што го изгласал Советот на општината, платата на Наумовски ќе му биде повисока 4.100 денари и ќе изнесува 65.000 денари, без пресметани давачки за пензиско и здравствено осигурување. Вклучително со овие давачки, на годишно ниво произлегува дека од буџетот на Општината ќе се одвојуваат 1,5 милион денари за градоначалничката плата.

Тој на располагање ќе има и 1 милион денари за репрезентација, односно за јадење, пиење и за претставување на Општината. Во буџетот повисоки суми се одвоени и за плати, односно ако лани биле одвоени 17.370.000 денари, за годинава испланирани се 20.823.000 денари.

И покрај ветувањата на владејачките структури дека ќе се намалуваат вработувањата во јавната и државната администрација, буџетот на Општината Ѓорче Петров се зголемува речиси 1 милион денари за привремени вработувања. За нови работни сили, кои привремено ќе бидат ангажирани во Општината, на годишно ниво се издвоени 12 милиони денари.

Повеќе на оваа тема, прочитајте на МАКФАКС.

Latest News

Времето дeнecкa coнчeвo и cтyдeнo co cлaб дo yмepeн ceвepeн вeтep

Времето денеска ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб...

More Articles Like This