СИ ЈА ШTИТИ КOАЛИЦИЈАТА: Касами застана на страната на Заев

  • March 25, 2020
  • Коментари

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, кој воедно е и предизборен коалиционен партнер за СДСМ е на иста линија со поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев.

И Касами исто како и Заев се за намалување на платите на работниците во Македонија.

Тој во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 изјави дека поради кризата која ја зафатила државата, платите како на вработените во јавниот така и на вработените во приватниот сектор, треба да се намалат.

Тој потенцираше дека најголемата одговорност сепак треба да ја сносат оние кои имаат повисоки плати.

– Платите треба да се намалат, но не пропорцијално, туку треба да има еден минимум кој треба да биде некаде околу 20 илјади денари. И како се зголемуваат платите како на вработените во јавниот сектор така и во приватниот, да одвојат повеќе од своите примања за да се солидаризираат со другиот дел од општеството, рече коалициониот партнер на Заев, Касами.

Претходно «
Следно »