Скандалозна одлука на дербито Шкендија – Вардар , Самсоненко најавил повлекување

  • February 17, 2019

Дерби натпреварот помеѓу Шкендија и ФК Вардар денеска заврши со резултат 1-0, но тензиите во Тетово ги подигнала сакндалозната одлука на судиите да не признаат чист гол на „вардарци“. Топката заврши зад гол-линијата на Шкендија по еден шут на Најдовски во 38. минута, но тоа не било доволно да му се запише гол за изедначување на Вардар.

По денешното дерби во Тетово, Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар најавил повлекување од клубот, јавува Спортмедиа.мк.

Тој посочил дека веќе нема намера да фрла пари во ваков фудбал. Порталот додава дека тој уште на полувремето побарал од раководните лица на клубот, кои биле во Тетово, жестоко да реагираат по катастрофалната одлука на судиите кога Вардар беше оштетен.

Претходно «
Следно »