November 30, 2021, 10:18 pm

Скандалозно: Се истуриле од купување цвекиња – Макрон и Брижит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит се најдоа на мета на критики откако во јавноста се појави информација за тоа дека во текот на пандемијата, на цвеќе потрошиле незамисливи 600.000 евра.

Претседателскиот пар во текот на минатата година потрошиле повеќе од половина милион евра на цвеќе за Елисејската палата, својата службена резиденција во Париз. Тоа значи дека нивниот буџет за цвеќе е речиси пет пати поголем од нивните претходници Франсоа Оланд и Николас Саркози.

Оланд кој беше на чело на државата во периодот од 2012 до 2017 година, на цвеќе потрошил околу 130.000 евра, додека Саркози околу 143.000 евра.

Француската јавност е шокирана од трошењето на претседателот (43) и неговата сопруга (67) во времето кога земјата тешко закрепнува од финансиските последици од пандемијата на коронавирусот. Владата на Макрон вети 100 милијарди евра за закрепнување на економијата.

Забележано е дека сметката пораснала токму во периодот кога Елисејската палата беше затворена за јавноста, а поради пандемијата на коронавирусот имало мошне мал број на приеми.

Да потсетиме, во септември беше објавено дека неодамнешното украсување на Златната соба во Елисејската палата чинело 927.000 евра, кое најмногу го финансираа француските даночни обврзници.

Елисејската палата се најде на мета на критики и во 2018 година откако во јавноста се појави информација дека на сет со чинии биле потрошени 498.000 евра.

Latest News

Твитер забpaни споделување на туѓи видеа и фотографии без согласнот

Твитер денеска објави дека нема да дозволи споделување на приватни медиумски податоци, како што се фотографии и видеа, на...

More Articles Like This