СКАНДАЛ: Апелација одлучи незаконските снимки да важат, а молчи и не реагира за законските снимки за „Поткуп“ обезбедени со ПИМ мерки

Поврзано

Поткyп на гласачи, притиcoци врз администрација во режија на Љупчо Николовски и градоначалникот на Паланка

Притисоци и мобинг врз администрацијата, поткуп на гласачи во Општинската организација на СДСМ Крива Паланка. Во главна улога се...

(Видео) Орбан – Унгарија cилнo го поддржува Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и би сакале да ги видиме како победници на изборите

Почитувани наши македонски пријатели, Ве поздравувам од Будимпешта. Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна...

(Cтpoгo дoвepливo)Палчо објави „kaтиљ ферман“ за Мијалков, Заев, Русковска и Кацарска во врска со организацијата на 27.април

Политичкиот аналитичар Љупчо Палевски, рано изутринава околу 01.00 часот по полноќ на својот ФБ профил објави „катиљ ферман“ составен...

Апелациониот суд со укинувањето на решението на Основен суд одлучи спротивно на закон и го прекрши чл. 12 ст.2 од законот за кривична постапка, дозволувајќи како никаде во светот, нелегално прислушкувани материјали да можат да се користат во постапка. Наспроти ова, Апелација молчи и не реагира за законската снимка за случајот „Поткуп“ обезбедени со ПИМ мерки, која одбраната на Заев бара да биде изземена од доказите.

На последното рочиште за случајот „Поткуп“, адвокатот на Заев, Филип Медарски побара издвојување на доказите прибавени со Посебните истражни мерки за случајот „Поткуп“. Одбраната бара од доказите да биде изземено видеото на кое се гледа како Заев од позиција на градоначаник на општина Струмица бара поткуп од бизнисмен во висина од 163.000 евра.

Од една страна додека Судот молчи за барањето на одбраната на Заев да оваа законско снимка биде изземена од доказите, Апелација носи скандалозна одлука која според правните експерти претставува преседан и со која се руши правниот систем, а граѓаните влегуваат во нова неизвесност – и сето тоа заради политичкиот интерес и притисок на СДСМ и нивните партнери, на кој потклекнаа судиите од Апелација.

Веќе никој не е сигурен дека нема да биде шпиуниран, следен, прислушкуван од агентите на Заев и Верушевски и воедно претставува стимулација на сите да снимаат и уценуваат.

Прислушкувани разговори како законска категорија, спаѓаат во делот на посебни истражни мерки, за чија примена одлучува судија во претходна постапка по претходно барање на Јавен обвинител и со исполнети претходни претпоставки. Тие можат да бидат дел од кривична постапка само доколку се прибавени на горенаведениот начин. Се што е прибавено надвор од оваа со закон утврдена постпка се смета за противправен акт, а за секој противправен акт следува одговорност согласно закон.

Членот од законот е јасен и концизен и истиот не дозволува незаконски прибавени докази – односно докази кои не се прибавени во официјална кривична постапка – да бидат дел од постапка.

„ Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука. “ стои во чл.12 ст.2 од Законот за Кривична Постапка на Република Македонија.

На законската снимка обезбедена со ПИМ мерки јасно се гледа како Заев на бизнисменот му вели дека треба да плати според воспоставената практика која ја има и кај другите бизнисмени, по принципот “едно евро за Вицето и едно евро за црквата“.

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, барал поткуп од 163 илјади евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.

Актуелно

(Cтpoгo дoвepливo)Палчо објави „kaтиљ ферман“ за Мијалков, Заев, Русковска и Кацарска во врска со организацијата на 27.април

Политичкиот аналитичар Љупчо Палевски, рано изутринава околу 01.00 часот по полноќ на својот ФБ профил објави „катиљ ферман“ составен...

(Видео) Кичеец беше повикан на давање на дополнителни информации и сознанија

На разговор, односно на давање на дополнителни информации и сознанија беше повикан Зоран Милески-Кичеец, истакнува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за...

(Видео) Нова бoмбa – Заев договора да пaднaт cyдcки предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

На социјалните мрежи, утринава, се појави нова аудио бомба на која може да се препознае гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од соддржината на...

Мицкоски: Имаме преодна стратегија за да се справиме со здравствената и економската криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на телевизија Телма, посочи дека граѓаните ги интересира кој ќе понуди политика...

Мицкоски: Кога зборуваме за обнова пред се зборам за вредности, чесност и работа

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма рече дека она што го ветува ВМРО-ДПМНЕ во програмата Обнова...

Повеќе вести