СКАНДАЛ: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови

Поврзано

ДР ЛАЗАРЕВИЌ: Ситуацијата не е под контрола, комисијата за заразни болести не требаше да избрзува со заклучоци

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваa др. Владимир Лазаревиќ кој изнесе свое видување во однос на...

ПАНОВСКИ: Властите тврдат дека зaразата е под koнтрола, нивна ќе биде одговорноста кога таа ќе излезе од kонтролата

Дали пaндемијата навистина стивнува, или олабавувањето на мерките ќе биде ново „масло“ на огнот, д-р Никола Пановски вечерва изјави...

СЕ РАЗГОВАРАШЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПAНДЕМИЈАТА: Пендаровски оствари телефонски разговор со папата Франциск

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск. Заблагодарувајќи...

Планот за живот на СДСМ и најавите за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори ги зголемуваат маките на македонските студенти.

По низата укинувања и стопирања на мерки наменети за нив, меѓу кои згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери, најновата одлука на раководните структури од партијата на Зоран Заев која ја шокираше јавноста предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домови “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“.

Па така, отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.

Дали директорот на Државниот студентски центар под чија надлежност се овие три домови, индивидуално оценил дека студентите немаат потреба од појадок, или пак, одлуката е изнудена поради кратењето на цели 1,5 милијарди денари од буџетот за образование, останува нејасно, бидејќи раководството на домот не одговори на нашите повици.

Во меѓувреме, студентите секојдневно го изразуваат своето незадоволство, особено на на социјалните мрежи. Неодамна се побунија и поради појавата на инсекти во храната која им се служи.

Дознаваме дека студентите, чија бројка е околу 3.000 имаат намера да организираат масовни протести, доколку управата не ја промени одлуката да добиваат по три дневни оброци и доколку не преземе ништо за подобрување на квалитетот на истите.

Според информациите до кои дојдовме, нивниот револт е уште поголем и поради фактот што модерните перални и сушални кои ги набави претходната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, се уште не се функција поради тоа што лицата кои се обучени да раководат со истите, наместо да работат според описот на работните обврски од нивните работни места, добиле други задачи.

Студентите со кои разговаравме сметаат дека се изманипулирани од кадрите на СДСМ, како Стефан Богоев, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ кои кон крајот на минатата година беа чести посетители во студентските мензи и кафулиња, ветувајќи драстични промени на стандардот по доаѓањето на власт.

Велат, животот кој им беше ветуван, најверојатно е живот во странство, не во Македонија.

Според последните податоци за само 100 дена владеење на СДСМ, државата ја напуштиле 20.000 млади лица. Со оглед на тоа што суровоста на политиките на Зоран Заев кон младите станува поголема, очекувањата на експертската јавност се дека овој тренд ќе продолжи и во периодот што следи.

Актуелно

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ НА СВЕТСКА БАНКА: 130 илјади граѓани во земјава ги демнее сиромаштија

Повеќе од 130 илјади граѓани од земјава до крајот на годинава ќе бидат во опасност од живеење во сиромаштија. За...

(Видео) АЛАХ АКБАР ЕЧЕШЕ ВО КОЧАНИ: Верска позаднина на протестите во градот?!

Алах акбар ечеше по улиците во Кочани попладнево. Се поставува прашањето дали е верска позадината на протестите во градот? Првичните  информации со кои располага Инфомакс...

СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА: Покрај препораките за избори Комисијата за заразни болести ќе предложи продолжување на вонредната состојба

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата продолжување на вонредната состојба во пресрет на најавената седница на Советот за национална безбедност, што...

РАБОТАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Коронавирусот во Македонија зеде 4 нови жртви

Во последните 24 часа регистрирани се 52 нови случаи на заболени од Ковид-19 во земјава. Резултатот е добиен по изработени 661 тест. Распоред по градови: Скопје...

СЕ ВРАЌААТ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ?!: Еве што предлага Комисијата за заразни болести

Неофицијално, ТВ21 дознава дека во последните 24 часа бројот на заболени од коронавирус е над 50. Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, за ТВ21 изјави...

Повеќе вести