СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА: Бојко Борисов одбил средба со Ѓорѓе Иванов затоа што Македонскиот претседател го одбил договорот!

  • June 14, 2018

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, одби средба со Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, која беше планирана за утре, порадни односот на шефот на македонската држава кон договореното за новото име на државата

Како што јавува бугарскиот портал „24 часа“, повикувајќи се на свои информации, Иванов пристигнал во посета на Бугарија, каде се сретнал со бугарскиот колега Румен Радев.

Планираната средба Иванов-Борисов била дел од официјалната програма на посетата.

Се наведува дека Борисов наводно и наложил и на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, исто така да не ја прифаќа средбата со Иванов.

Потсетува дека посетата на вицепремиерката Захариева во Скопје е планирана на 15 и 16. јуни.

Бугарите се налутиле бидејќи нивниот став бил принципиелен.

„Нашиот став е принципиелен и јасен, како и ставот на целата меѓународна заедница. Интеграцијата во ЕУ и НАТО е клучна за идниот развој на нашата соседна држава, и тоа не треба да се доведува во прашање“, соопштија од бугарското МНР.

Иванов го одби договорот со Грција.

Претходно «
Следно »