СКАНДАЛ ВО ПАРТИЈАТА НА СЕЛА: Немал доволно делегати па испраќале луѓе од СДС да глумат делегати на Алијанса на Албанците!

  • July 10, 2017

Тежок скандал се случил вчера во партијата на Зијадин Села, Алијанса на Албанците откако како делегати на партијата при избор на претседател на огранокот во Тетово биле испратени членови на СДС, наместо на Алијансата на Албанците

Тежок скандал ја погодил ДР-ДПА и Зијадин Села, кој кренал многу прашина на вчерашното централно собрание – пренесува проталот на албански јазик „Инфо Шќип“. Имено, еден од делегатите од огранокот во Тетово при своето обраќање пријавил и скандал кој се случил на последното собрание на партискиот огранок во Тетово, каде што бил реизбран и претседателот на општинската испостава на партијата.

На овој собир бил присутен и таткото на министеорт од СДС Едмонд Адеми. Според „Инфо Шќип“ тој бил испратен како делегат од потпретседателот на партијата Агрон Ферати, кој според извори на партијата немал доволно делегати од неговиот огранок и за да го пополни испраќал луѓе од други партии, односно луѓе од подогранокот на СДС „Тетекс 1“ меѓу кои и таткото на Едмонд Адеми, инаку функциониер во СДС.

Со ова, всушност се става под знак прашалник и легалното постоење на партијата на Села, која нема можност и капацитет да собере доволно делегати, кои претпоставуваат услов за регистрирање на партија.

Претходно «
Следно »