СКАНДАЛ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ: Професорка на медицинскиот факултет ги повикува студентите да гласаат на референдумот!

  • August 7, 2018

Кампањата за референдумот на СДСМ започна на место каде најмалку треба да има политика. Професорката на медицинскиот факултет, Даниела Чапаровска врши притисок на клиниките и меѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје да излезат на гласање на референдумот. Професорката наместо да се грижи за образованието на студентите, или здравствената политика, како и за пациентите таа интензивно се вклучи во кампањата за промена на името и тоа ни помалку ни повеќе ги повика сите студенти да излезат на претстојниот референдум.

-Ги повикувам сите студенти на Медицински факултет, по општа медицина медицина, стоматолози, физиотерапевти, логопеди, високи медицински сестри и радиолошки технолози си кои сите овие години деноночно работевме и да ги совладуваме задачите да излезат на референдум зошто тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања. Ние сите заедно сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО!, коментира професорката Чапароска на Фејсбук.


На ваквото однесување на професорката твитерџиите одговорија со имотниот лист на професорката кој е завиден за една обична професорка во Македонија.

Претходно «
Следно »