СКАПИ ВИНА И БИФТЕЦИ НА СМЕТКА НА МВР: Оливер Спасовски ги укинува сите додатоци за сменско работење на сите полициски службеници!

  • March 7, 2018

Оливер Спасовски продолжува со катастрофално лошото водење на Министерството за внатрешни работи. Неможејќи да се откаже од удопствата на ресторанските и хотелски услуги и репрезентативни трошоци, Спасовски одлучи да скрати врз грбот на полициските службеници кои одат во сменско работење

 

Целокупните додатоци на плата за сменско работење во МВР се укинати заедно со прекувремените часови за сите полициски службеници.

На овој начин Спасовски ги остава најпосветените вработени во министерството на маргините без да ги ограничи нарачките на скапите вина „Император“ и премиум бифтеци по скопските ресторани нему и на неговите најблиски соработници, дознаваме од извори во полицијата.

Илјадници полицајци, сообраќајци, крим техничари, припадници на специјалните единици, информатичари, репродуцери се брутално уценети од партиските началници на Спасовски да молчат и да продолжат да работат со намален доход под закана дека секој еден кој ќе се обиде да го оспори ова ќе биде подложен на ревизија и враќање на сите додатоци кои чесно ги заработил во изминатиот период пред Спасовски да го киднапира МВР – информира соговорникотна Инфомакс, кој сакаше да остане анонимен.

Оваа одлука ќе влијае негативно врз моралот и мотивираноста на сите вредни службеници кои се грижат во текот на ноќта граѓаните да имаат мир и спокој и во исто време целокупниот информатички и безбедносен систем на МВР да биде оперативен.

Неспособноста на Спасовски како заменик претседател на Владата и потпретседател на СДСМ да го убеди својот шеф Заев и неговиот сопартиец Тевдовски да ги обезбеди потребните средства од буџетот за нормално функционирање на МВР само ја потврдува системската неспособност на Спасовски да раководи со МВР. Дали притисоците кои синдикатите ги трпат за да не реагираат на укинување на додатокот за сменско работење ќе бидат доволни да се одважат да излезат и да проговорат јавно за ова ускратено право. Нема сегмент од МВР кој нема застој и уназадување. Единствено запивањето со скапите вина, бифтеците и седенките по скопските кафани се нешто што во МВР нема застој.

Претходно «
Следно »