„СКОПСКА ПИВАРА“ СО СООПШТЕНИЕ: Неколку вработени се пожалиле на стомачни тегоби, од компанијата будно ја следат состојбата

  • November 6, 2018

По информацијата за труење во фабрика за производство на пиво и сокови, соопштение објави и „Скопска Пивара“ во која се потврдува настанот, со објаснување дека од компанијата се во постојан контакт со вработените кои се пожалиле на стомачни тегоби

Потврдуваме дека неколкумина вработени во Пивара Скопје се имаат пожалено на стомачни тегоби. Состојбата на сите овие вработени ја следиме контиуирано и се надеваме дека тие наскоро ќе бидат добро. – велат од „Скопска Пивара“

Веднаш по појавата на првите симптоми, Пивара Скопје и надворешниот добавувач на угостителски услуги, во соработка со надлежните државни институции – Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, ги презедоа сите неопходни чекори и проверки за да се откријат можните причини и да се изолира ваквата појава. Повеќе информации би биле во можност да споделиме откако ќе ги добиеме резултатите од надлежните институции. – додаваат од компанијата.

Сите вработени во компанијата добиваат редовен оброк подготвен и дистрибуиран од страна на надворешен добавувач. Безбедноста и здравјето на сите наши вработени е највисок приоритет за компанијата. – заклучуваат од „Скопска Пивара“

Претходно «
Следно »