СКОПСКОТО КРИЛО НА ДУИ ОТВОРИЛО ОГАН: Луѓе блиски на Ахмети пукале во лица блиски на Хазби Лика на кои вицепремиерот им доделил функции

  • April 5, 2018
  • Коментари

Денес околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во с.Мала Речица. По излегувањето на лице место пронајдени се чаури и траги од крв. Од клиничката болница било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани од кои едното починало. Приведени се две лица – стои во изјавата на портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Инфомакс

Според сведоци на настанот, извесен Наим Реџепи од Куманово заедно со двајца други негови пријатели од кумановското крило на ДУИ биле внатре во седиштето во Мала Речица, на кои вицепремиерот Хазби Лика им дал владини функции.

Според извори во партијата, луѓе на Али Ахмети од скопското крило на партијата ги чекале надвор по добиените информации дека Лика им доделил функции.

Откако тројцата од Куманово излегле од седиштето на партијата настанала прво вербална, а потоа и физичка пресметка по што дошло до престрелка во која најмалку тројца се повредени, а најмалку еден е загинат. Еден е тешко повреден и испратен на Ургентен во Скопје.

Засега нема потврда за идентитетот на лицата од МВР.

Претходно «
Следно »