Скопјани вечевра уживаат во „Љубов и револуција“

  • June 29, 2019

Во Градскиот парк вечерва од 21 часот започна концертот „Љубов и pеволуција“, втор од проектот „Филхармонија на отворено“ по првиот концерт „Ну погоди“ што беше одржан во неделата. Овојпат премиерно се изведуваат хитови од поп-рок и панк музиката.

Под диригентската палка на Џијан Емин и во негови аранжмани се изведуваат песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Сеkс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“… Заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе настапи и хорот „ПроАрс“ со диригентот Сашо Татарчевски.

„И овој концерт, како и првиот, претставува уникатна идеја во смисла на тоа ваков тип на композиции да бидат изведени од симфониски оркестар и хор, што е ретка практика и во светот“, соопшти Филхармонијата, додавајќи дека првиот концерт „Ну погоди“, со музика од познати цртани филмови од Источниот блок во 1970-тите и 1980-тите, бил фантастичен настан што го посетиле илјадници вљубеници во музиката од најразлични генерации.

Двата концерта Филхармонијата ги организира во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје.

Претходно «
Следно »