Славчо Попоски со ПРЕКРАСНИ информации: Следува ГОЛЕМО затоплување и летни температури

  • May 16, 2019

Под влијание на значително потопла воздушна маса кој од северните предели на Африка ќе продре кон нашата територија за време на претстојниот викенд ќе имаме постабилно време со повеќе сончеви периоди иако во попладневните часови само на планинските места има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи температурите на воздухот значително ќе пораснат и особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Нови услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има од понеделник но останува топло времето што значи големо заладување нема на видик, информира Славчо Попоски.

Поради јужното и југозападното воздушно струење подвторно од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок па особено метеопатите овие денови може поради ваквата ситуација да чувствуваат здравствени проблеми.

Половиина од месец мај замина. Циклонот Андреа веќе си заминува, а добро позната поговорка е дека секогаш после дождот доаѓа сонцето. Така ќе биде и со остатокот од месец мај.

Иако за овој период се најавува секогаш сончево време, сепак според прогнозата до крај на месецот ќе имаме уште неколку врнежливи денови.

Во целиот период на мај се очекуваат пролетни температури кои нема да се спуштат под 20 степени.

Погледнете илустративно какво време не чека:

Претходно «
Следно »