Следи ли поскапување: Утре регулаторна ќе ги објави новите цени на горивата

  • September 1, 2019

Регулаторната Комисија за Енергетика утре напладне ќе ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела немавме промена на цените на бензините.

Цената за еден литар ЕУРОСУПЕР-95 остана 66.50 денари литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-98 чини 68.50 денари.

Мало зголемување имаше кај цената на дизелот – и тоа за половина денар. Соодветно на тоа еден литар ЕУРОДИЗЕЛ се продава по 61.00 денар.

Дали не очекува зголемување или пад на цените на горивата утре останува да видиме.

Претходно «
Следно »