СЛЕДУВААТ НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Временска за цела недела

  • January 22, 2017

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, претпладне со магла по одделни котлини.

Температурата од минус еден до седум степени.

Во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла.

Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Претходно «
Следно »