СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Викендов пороен дожд и грмежи

  • August 22, 2019

За време на викендов атмосферата постепено ќе се дecтабилизира па така во попладневните часови и тоа во сабота само во планинските предели од државава и тоа на запад ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела како и во деновите од следната недела и тоа особено во првата половина од истата во попладневните часови ќе има позначителна облачност а локален развој на нестабилна облачност ќе има и на другите места и истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Сепак и понатаму ќе бидеме под влијание на топлата воздушна маса од југ па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени додека сосема мал пад ќе има на средината од следната недела кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Релативно високата влажност во воздухот во вечерните часови ќе условува спарнина и тоа особено во раните часови од вечерта па така кај метеопатите се можни здравствени проблеми.

Претходно «
Следно »