СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ЦРКВАТА: Американски експерти најавуваат признавање на афтокефалноста на МПЦ?!

  • February 7, 2019

Дејмон Меквилсон од Атлантскиот совет на САД најавува дека по признавањето на Украинската православна црква од страна на Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, следните две цркви кои ќе бидат признати како автокефални се македонската и црногорската црква.

Меквилсон ја даде најавата преку социјалните мрежи, два дена откако имаше заедничко обраќање со Никола Димитров во Атлантскиот совет.

Оваа организација се залага за одржување на силна американска надворешна политика низ светот и промовирање на американските интереси, и го промовира одвојувањето на земји како Украина од руската сфера на влијание. Атлантскиот совет исто така го поддржуваше преземањето на власта во Македонија од страна на СДСМ и потпишувањето на договорот за преименување на Македонија со цел земјата да биде внесена во НАТО.

Претходно «
Следно »