СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ИМЕТО: По изборите следува промена на името, сценариото договорено со Мајкл Пенс во Црна Гора се остварува!

Поврзано

ВАЖНО: За влез и излез од државата за време на карантинот граѓаните да пријават на 192

Граѓаните што ќе остварат влез или треба да ја напуштат државата за време на 80-часовниот карантин во одредени градови...

НЕМА КРАЈ НА ДИПЛОМАТСКИОТ СКАНДАЛ СО ТОЗИЈА: Јанша бара извинување од македонската влада поради навредите од екс директорот на Агенцијата за филм

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, преку социјалната мрежа Твитер го сподели барањето на Антонио Милошоски македонската влада да се...

Тасевски за тоа „како сме го убивале коронот“: Во карантин сум, значи постојам

Актерот Сашо Тасевски го коментира метежот по продавниците во последните часови пред почетокот на 80-часовното ограничување на движењето поради...

Прогнозите дека Владата на чело со Зоран Заев има план да го промени уставното име на Република Македонија, се остваруваат.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров веќе и официјално најави дека по локалните избори, со Грција ќе се преговара за промена на името на нашата држава.

„Алсат“ пренесува- Димитров: Преговорите за името ќе започнат по локалните избори

Телевизија Алсат пренесува дека Димитров по средбата со двајцата шефови на дипломатиите на Шведска и Финска, Маргот Валстром и Тимо Соини во Скопје, изјави дека нивната посета уследи во многу важно време за земјава. Додаде дека процесот за преговори за името ќе започне по локалните избори.

-Ние многу сериозно го земаме тој процес. Тој процес ќе отпочне после локалните избори, како што најави медијаторот Нимиц и така и ќе го третираме и не можеме баш да се впуштиме во коментирање на шпекулации, потенцира Димитров.

 

Иако беа ветувани големи проекти од СДСМ пред да дојде на власт, проекти за подобар живот, повисоки плати, повисоки субвенции за земјоделците, повисоки пензии и многу други работи, засега граѓаните коментираат дека единствени проекти кои новата власт ги реализира се секојдневните скандали и криминали, како и поткопувањето на темелите на државноста на Македонија и играњето со националните интереси на државата.

Експертската јавност коментира дека Република Македонија со Владата на СДСМ е можеби единствената држава во светот која прифаќа соседите да ја пишуваат историјата. Најпрво во договорот за добрососедство со Бугарија предвидено е ревидирање и промена на учебниците по историја, а такво нешто најави и министерот за надворешни работи на Грција Коѕијас. Експертите коментираат дека веќе е јасно дека Заев покрај промена на името и идентитетот прифатил и промена на македонската историјата, која според моменталната состојба ќе биде креирана од Грција и Бугарија.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Оваа изјава на Коѕијас потврдува дека Зоран Заев, Никола Димитров и Владата на СДСМ не ги интересираат многу националните интереси и ставовите кои Македонија со години макотрпно ги градеше во меѓунардоните односи. Експртите и граѓаните се едногласни дека очигледно Заев мора да исплаќа одредени сметки на оние кои го донесоа на власт, иако беше поразен на последните парламентарни избори.

Шефот на грчката дипломатија, говорејќи за средбата со својот македонски колега, Никола Димитров, рече дека разговарале за преземање одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни. Тој соопшти и дека ќе биде формирана заедничка комисија, која од ноември годинава, ќе има околу 4 месеци да ги разгледува учебниците. Комисијата ќе има мандат да ги лоцира, а потоа во соодветна процедура да ги отстрани мапите и другите елементи на иредентизам што биле присутни во нашите дидактички материјали. Коѕијас во 20-минутното интервју за државната ТВ говореше за сите аспекти на грчката надворешна политика, го спомена, неизбежно, и прашањето за името, првпат ја коментираше Привремената спогодба меѓу двете земји, а за шефот на македонската дипломатија, кому името му го промени од Никола во Николас, рече дека е интересна личност.

Експертската јавност вели дека овие најави не треба да претставуваат изненадување, посебно откако Заев веќе и самиот најави дека ќе има промени и во учебниците по историја, според желбата на Бугарија, како што тој кажа ќе има ревидирање на спорните делови од учебниците, а спорни делови за Бугарија се револуционери како Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански и многу други историски личности на Македонија.

-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, рече Заев во скандалозната изјава.

 

 

Граѓаните порачуваат дека се уште од новата власт ги чекаат ветените повисоки плати, пензии, субвенции за земјоделците, за кои иако беше ветено дека ќе бидат покачени, Заев пред неколку дена објави дека ќе бидат скратени и уште голем проекти кои Заев им ги вети на граѓаните, но од нив досега ништо. Граѓаните се разочарани што досега Заев само ги руши позициите градени долго време од страна на Македонија, во меѓународните односи, а како што велат последен пример е и најавата за менување на историјата по мерка на Грција, откако тоа претходно беше најавено и за промена на историјата по мерка на Бугарија.

Актуелно

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

Повеќе вести