Слика има, тон нема – „нежниот“ министер се појави во Собрание како скулптура од стиропор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за надворешни работи и овој пат реши да ја одбие поканата да присуствува на седницата на Комисијата за надворешни работи која ја води пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, на која точки на дневен ред е блокадата од соседна Бугарија.

Никола Димитров сепак можеше да се види во Собранието, но само како слика – без тон. Извајан од стиропор.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3825555167463921

„На денешната комисија за надворешна политика, на која ќе се расправа за македонско-бугарските односи во контекст на заканите за вето, на пратениците ќе им бидат предложени следниве заклучоци:
1️⃣Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1️⃣9️⃣4️⃣5️⃣-та година, во која една од целите е развивање на “пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите”, право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ .
2️⃣Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.
👉На Комисијата уредно се поканети и министерот Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Димитров, во чии работни обврски спаѓа и отчетноста пред пратениците како народни избраници, што е воспоставен европски стандард на контрола на законодавната врз извршната власт.“ – напиша Антонио Милошоски на ФБ пред почетокот на седницата на Комисијата.

Збор зема и пратеникот Тимчо Муцунски, кој објасни дека на оваа комисија целта е постигнување на национална стратегија и консензус за справување со ова прашање.

„Сакаме да знаеме што се преговара, ако има сензитивни делови во преговорите може да свикаме и затворена седница“ – објасни Муцунски, додавајќи дека во интерес на сите е Македонија што поскоро да го реши овој проблем со Бугарија – „со добра намера, со добра верба го повикуваме министеро да дојде тука и да разговараме“, додаде Муцунски, објаснувајќи дека оваа седница е во интерес на сите граѓани.

Антонио Милошоски потсети на затворената седница по барање на Зоран Заев, која се одржа токму во Комисијата за надворешни работи на тема договор за добрососедство со Бугарија.

„Навистина е недозволиво во Германија, Австрија или друга европска држава во Собранието да не се појави министер повикан од собранието да се појави затоа што му студи, затоа што се плаши, затоа што е нежен. Тоа е скандалозно и недозволиво“ – додаде Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This