СЛОБОДАН ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА ЕДЕН АЛБАНЕЦ: Човек од Прешево му затропал на врата…!

  • February 1, 2019

Слободан Алексиќ (54) од Луково кај Врање, прифати и вдоми непознат млад човек кој е во тешка физичка и психичка состојба, а за кој се испостави дека избегал од психијатриска болница.

Слободам е поранешен работник на „Јумка“, а моментално е невработен, се грижи за своите три деца и тешко болната мајка. Еден ден околи 18 часот на вратата на Слободан затропало младо момче во многу лоша физичка и психичка состојба, пишува ОК радио.

– Се тресеше од студ, беше мокар и валкан, едвај држејќи се на нозе и зборуваше неразбирливо, но успеав да разберам дека е Албанец, Неговиот изглед и целокупната состојба откриваше дека е во тешка невоља и не се ни размислив, туку веднаш направив се за да му помогнам. Сопругата и јас му дадовме да јаде, му подготвивме топол напиток, му дадовме суви чорапи, а неговата облека ја ставивме да се суши – објаснува Слободан.

Веднаш повикавме полиција и брза помош, а подоцна се дозна дека младото момче е од околината Прешево и дека од болницата во Врање се упатил на патот.

По пет часа пешачење и кружење околу градот момчето и онака исцрпено, застанал кај домот на Алексиќ, а Слободан пак не ни размислувал за стравот дека нешто може да им се случи, туку само на тоа да му помогне на несреќниот човек.

– Јас не ги делам луѓето ниту по национална припадност, по имотната состојба или по било што друго, за мене човек е човек и чувствувам должност да му помогнам на секој кој е во неволја.Така сум воспитан и така ги воспитував и своите три деца, кои сега се возрасни и верувам, добри луѓе. Среќен сум што се се заврши среќно, особен што се работи за млад човек, затоа што да продолжел да лута по мракот и мразот, не верувам дека би издржал уште долго. Кој знае колку прагови одбил пред да стигне до мене и колку луѓе одбиле да му помогнат плашејќи се од којзнае што – додава Слободан.

Претходно «
Следно »