December 4, 2021, 6:54 pm

Слобода или cмpт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој оној кој што досега не се вакцинирал од различни причини поради лични ставови, здравствени проблеми и ризици и поради новите мерки од утре за да го сочува своето работно место во јавната администрација ќе дотрча да се вакцинира е соучесник во сопственото поробување.

Не мислам дека во вакцините има чип кој ќе ви го контролира умот и така ќе биде поробени, но мислам дека државата, законите, уставите и сите декларации за човекови права се уредени соогласно принципи кои еднаш ако бидат прекршени се воспоставува невиден преседан кој и во иднина ќе биде користен за контрола на популацијата и ускратување на основните човекови права.

Станува збор сочувување на истите принципи кои ме мотивира да застанам во одбрана на уставното име кои денес ме мотивираат да се борам против задолжителната и присилна вакцинација.

Општеството во кое денес живееме по дефиниција е тоталитарно, ако државата те приморува да правиш нешто што не е уредено со закон и Устав, ако истото се коси со логиката, а и самите експерти кои се најповикани на таа тема се противат и велат дека мерките се сулуди, тогаш повеќе нема никаква дилема.

Тоталитаризмот е општествено уредување во кое државата ги регулира речиси сите области на јавниот и приватниот живот, што дефакто се спроведува со ковид пропусницата.

И за сите оние кои се декларираат себе си за прозападни прогресивци само да ве потсетам дека најголемиот прогрес човештвото како на технолошки така и на хуманистички план го има постигнато постигнато по осамостојувањето на САД и декларацијата за независнот.

Ништо од она што денес го правите и наметнувате на граѓаните не е ниту прогресивно, ниту демократско, ниту слободарско.

Ниту една држава во историјата не успеала да го заштити народот од природата, па нема ниту вие.

Се што правите е за дополнителна контрола на популацијата, а не за заштита на здравјето на граѓаните.

„Дајте ми слобода или дајте ми смрт! или накратко Слобода или смрт е цитат што му се припишува на Патрик Хенри од говорот што го одржал на Втората конвенција во Вирџинија на 23 март 1775 година, во црквата Свети Јован во Ричмонд, Вирџинија.

Токму Патрик Хенри е еден од основачите, татковците на американската нација.

Овој слоган понатаму го превземаат и македонските револуционери во текот на македонското националноослободително движење во втората половина на XIX век и сè до средината на XX век[. Оваа мото исто така било употребувано и во на останатите националоослободителните борби и движења на Балканскиот Полуостров и затоа може да се сретне и како: (на грчки: Ελευθερία ή θάνατος, српски: Слобода или смрт, на бугарски: Свобода или смърт).

По се изгледа повторно доаѓа време Хенриево, а наместо со црвените костуми модерните револуционери ќе се борат со белите јаки и мантили.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Референдум пpoтив ковид сертификатите во Хрватска

Во Хрватска денеска во организација на десничарската партија Мост почна соборање на потписи за референдум за укинување на ковид...

More Articles Like This