Словенечката опозиција бара гласање недоверба на Владата на Јанез Јанша

Поврзано

Грција ги отвори плажите, ова е услов за влез на истите

Плажите во Грција од денеска се отворени, веќе од следната недела ќе можат да дојдат и странски туристи. Засега...

Опacно зaтишје на Балканот: Босна поразена, Косово извор на опacност во xaocот од нaционaлизам, корупција, притиcok врз медиумите и cyдството, и индоkтринација млади луѓе

Балканот и Југоисточна Европа исчезнаа од меѓународната политичка мапа. Очигледно има многу поважни проблеми и кризи за кои треба...

Мнозинството гласаше за paзрешувaње на Мета, формирана комисија за спровeдување на постапката

Разрешување на Мета побараа 50 пратеници од редовите на владејачката Социјалистичка партија, но меѓу нив не е Еди Рама,...
- Advertisement -

Словенечкиот парламент денеска одлучува за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на владата на Јанша. Се проценува дека опозицијата нема шанси за успех доколку не биде поддржана од некои пратеници дисиденти од владеачката коалиција, особено од пратениците на Партијата за модерниот центар (СМК).

Словенечкиот премиер Јанез Јанша го нарече „деструктивна фарса“ обидот на опозицијата да ја собори неговата влада и да формира нова, на чие чело ќе биде Карл Ерјавец, лидер на Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС).

„Предлогот на опозициската Коалиција на уставниот лак (КУЛ) е деструктивен потег и фарса, при што опозицијата залудно троши време и пари на даночните обврзници“, рече Јанша на денешната парламентарна расправа за доверба на владата.

Словенечкиот премиер оцени дека обидите за соборување на неговата влада се осудени на неуспех, но ако тоа се случи, неговата Словенечка демократска партија (СДС) ќе биде подготвена за нови избори.

Доколку на владата и премиерот им се изгласа недоверба, а Ерјавец биде назначен за нов премиер, владата во оставка ќе остане задолжена за тековните работи до назначувањето министри во новата влада. Доколку владата на Јанша го задржи мнозинството, партиите во неа најавуваат реконструкција што подобро ќе го балансира нивното коалициско влијание.

Latest News

Уkpaдени pecпиратори во Шведска, преку Косово завршиле во Хрватска

Полициската станица на Медвеќак во Хрватска започна кривична истрага против млад човек (25) кој е осомничен дека набавил 24...

More Articles Like This