СЛОВЕНЕЧКА СФИНГА: Потегот на Меланија Трамп во Конгресот за кој зборува цела Америка

  • January 31, 2018
  • Коментари

Прват дама на САД Меланија Трамп во вторникот на себе го привлече вниманието на американските медиуми со бојата на облеката, но и со фактот што таа пристигна сама во Конгресот на говорот на нејзиниот сопруг Доналд Трамп

Меланија не се појавуваше во јавноста по објавувањето на аферата во весникот „Волстрит Џурнал“ за тоа дека Трамп наводно платил 130.000 долари на порно актерката, за да молчи за нивната врска додека тој бил во брак со Меланија.

Првата дама пристигна во Конгресот сама и облечена во бел комплет со панталони. Изборот на бојата се поклопи со дел од пратениците на Демократската партија, кои во облека со иста боја минатата година протестираа против обраќањето на Трамп во Конгресот.

По доаѓањето на Трамп во Белата куќа, многу познати жени се облекоа во знак на протест, а на доделувањата на американските музички награди „Греми“ пејачката Кеши поборник на движењето против злоставувачите во филмската инстрија им се придружија на сцената облечени во бело.

Со своето доаѓање во Конгресот Меланија отстапи од вообичаените пракси сопругите да ги следат американските претседателот, кои, поради пример, цели осум години нивните мажи ги следеа и Мишел Обама и Лора Буш, пишува Си-Ен-Ен.

Но, како и во случајот на многу досегашни потези, и оваа тајна на „словенечката сфинга“, како што ја нарече Си-Ен-Ен, американските медиуми не успеаа да ја дознаат.

Според американската администрација, Меланија се вратила во Белата куќа со претседателот по неговиот говор за состојбата на нацијата.

Претходно «
Следно »