СЛОВЕНИЈА НЕМА ДА ПРОТЕРУВА ДИПЛОМАТИ: Уште не е јасно што се случило во Солзбери, немаме намера без докази да бркаме дипломати

  • March 28, 2018

Министерот за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец изјави дека владата, која утре треба да расправа за случајот „Скрипаљ“ во англискиот град Солзбери, нема да предложи примена на дипломатски мерки како солидарност со Велика Британија

Хина потсетува дека Словенија е една од осумте членки на Европската унија кои не се одлучија за дипломатски мерки со кои би изразиле солидарност со Лондон.

„Засега мислам дека најпрво е потребно да се расчисти што се случило во Солзбери, станува збор за нејасен и бизарен случај“, вели Ерјавец за новинарите пред редовниот состанок на коалицијата која го одредува дневниот ред за редовната седница на влада.

Ерјавец на почетокот на оваа недела изјави дека Словенија засега не размислува за дипломатски санкции, односно симболично откажување на гостопримство на еден руски дипломат од амбасадата во Љубљана, како и дека меѓународната истрага во Солзбери тек треба да докаже што се случило.

Претходно «
Следно »