СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГО ПОВЛЕКУВА ПРИЗНАВАЊЕТО НА КОСОВО: Поднесен предлог за промена на одлуката за признавање на Косово!

  • March 20, 2019

Престседателот на Словенската национална партија Змаго Јелинчиќ поднесе барање до министерот за надворешни работи да го повлече признавањето на Косово., пренесува Спутник.

Словенија е втора земја членка на Европската Унија, после Италија, која размислува за одлуката која е од суштинско значење за Србија.

Словенската национална партија беше пpoтив уште од 2008 година кога се гласаше за признавањето .

„Не го променивме ставот. Со децении негуваме добри односи со Србија и се надеваме дека така и ќе остане. Низа нови случувања го диктираат текот на настаните. Јасно е дека треба да бидеме мудри и да го повлечеме признавањето. Ќе видиме како ќе поминат европските избори во мај, ама се надеваме на нови идеи и нови струи кои ќе го овозможат повлекувањето на признанието“, изјави Ивануш, потпретседател на партијата.

Претходно «
Следно »